Commons:Valued images/mk
Ценетите слики се слики кои заедницата на Ризницата ги смета за особено вредни за употреба на страниците на проектите на Викимедија. Ценетата слика заедницата ја се смета за највредна илустрација од тој вид. ContentsНамена[edit]
Проектот ценети слики започна со цел да се поддржи и поттикне трудот на корисниците кои придонесуваат вредни слики од најразличен вид и голема употребливост, и да изгради ресурси за уредниците од други проекти на Викимедија кои бараат такви дела. Проектот им оддава признание на оние кои придонеле со својот труд да создадат слики со тематика до која тешко се доаѓа, и многу тешко или невозможно да се направи со технички квалитет на избрана или квалитетна слика. Разлика помеѓу ценети слики, квалитетни слики и избрани слики[edit]Проектот Квалитетни слики има за задача да даде поддршка на корисницие кои создаваат и придонесуваат на Ризницата со слики од висок технички квалитет. Избраните слики се кремот од сликите на Ризницата и овој проект е резервиран за слики од извонредна вредност и извонреден технички квалитет. Ценетите слики, од друга страна, се оние кои се највредни од тој вид за употреба на страници на проектите на Викимедија. Техничките критериуми за овие слики се многу пониски, бидејќи тие не се предвидени за печатење. Вградена камера на еден современ телефон е доволна ако субјектот е од висока вредност и фотографијата добро го илустрира со големина од 480x360 пиксели. Кај ценетите слики се обраќа помалку внимание на техничкиот квалитет, а повеќе на досетливоста и смислата за пронаоѓање на вредни субјекти кои се од важност, и употребливоста на информациите на страниците каде би стоела сликата.
Примери за ценети слики[edit]
Квалификуваност[edit]
Сите слики на ризницата се квалификуваат за да бидат предложени за ценети слики, било да се фотографии, анимации, шеми, дијаграми, табели, секирања, симболи, сметачки-создадени, било оригинални или изведени дела. Тука не спаѓаат документи, табеларни пресметки, презентации, бодовни пресметки, како и звучните и видео записи. Процедура[edit]Кандидатите за ценети слики се предлагаат и оценуваат на страницата за кандидати за ценети слики. Истата страница се користи и за предлагање и оценување на збирки слики како ценети збирки. Оценките ги дава заедницата на Ризницата, во согласност со критериумите за ценети слики. Избрани слики и збирки[edit]Ризницата во моментов има 27521 ценети слики и 283 ценети збирки на слики. Видете и
|